
Андреа Нисева од БК Олимпија отпатува на завршни подготовки во Софија, Бугарија, за Светското првенство до 17 години кое ќе се одржи во Атина, Грција од 28 јули до 3 август.
Нисева оди на подготовки со бугарската репрезентација и ќе се подготовува до почетокот на СП каде ќе настапи во нејзината категорија до 61 килограм.
„На завршните подготовки во најголем дел ќе се работи на техничко-тактичката подготовка, а ќе се земат и предвид и недостатоците кои беа констатирани на последното Европско првенство на кое Андреа го освои третото место. Ова првенство е голем предизвик за Андреа, бидејки ќе настапи прв пат на вакво големо натпреварување со што и мотивацијата е на високо ниво. Килограмите се одржуваат и здравствената состојба е одлична.да и посакаме успешни продготовки, како и успешен настап на најголемата смотра за годинава“, вели тренерот Методи Сичков.



