Андреа Нисева (-54 кг) ќе настапи на Европското првенство во У-15 во Капошвар, Унгарија, од 6 до 9 јули. За жал, борачката на Олимпија од Штип и овојпат нема да настапи за Македонија, туку за Бугарија.
Нејзината желба и на клубот е голема да настапува за Македонија, но поради недоразбирањата на БК Олимпија и Федерацијата за борење на РС Македонија, односно нерешената состојба, Нисева ќе настапи за соседната земја, за која стана балкански првак, а настапува за БК „Димитар Кумчев од Асеновград.
Со неа ќе патуваат тренерите Методи Сичков и Гордан Николов.