Поранешниот светски шампион во средна категорија, Андре Ворд ќе се сретне со Кубнецот Саливен Барера на 26 март во Оукленд, Калифорнија.
Борбата официјално е потврдена денес.
„Нема што многу да се каже, освен следново – на 26 март се ќе биде многу едноставно – дебитирам во нова категорија против силен противник и ќе бидам во одлична форма“, изјави Андре Ворд и додаде: „Саливен претпоставувам дека ќе биде зборлив, бидејќи тој има одговор на секое прашање. Сакам вакви предизвици“.
„Пред себе има тежок избор. Се прашував дали да ја прифатиме оваа битка или да почекаме дуел против Ковалев за титулата. На крајот решивме дека е дојдено времето прво да падне Ворд, а потоа да се бориме со шампионот“, рече Барера.