Американскиот боксер Андре Ворд (33) се врати по 20 месечно отсуство од рингот. Тој успеа да го победи поранешниот претендент за титулата во средната категорија, Англичанецот Пол Смит (32) со технички нокаут во 9 рунда.
Уште од почетокот на средбата Ворд ја презеде целосната контрола и го надмудри Смит со техниката и брзината.
На крајот на деветата рунда по серија удари од страна на Смит, од аголот ја фрлија крпата во рингот во знак на предавање на мечот.