Хадис Рамадани во саботата ја забележа деветата победа во деветиот настап на професионалниот кик бокс ринг против многу поискусниот Владрин Игришта. Борбата се одржа на Фајт најт во Устер кај Цирих, Швајцарија, за ВСКУ-Швајацарија.
Неговиот клупски тренер Андреј Георгиев (КБК Шампион) кој беше во аголот на Хадис истакнува дека целта била да му се наметне тактика на противникот, затоа што ако тој ја водел борбата тогаш битката ќе била незивесна во крајниот исход.
„Во првата рунда влеговме со татктика само да си ги испитуваат силите, без напади. Во суштина, тоа го нервираше противникот. Од втората до петата рунда Хадис диктираше борба од полудистанца и со брза реакција задаваше кавлитетни удари и се повлекуваше назад. Со тоа му ја унштивме стратегијата Игришта, а тоа го изнервира, бидејќи настапуваше пред своја публика. Тој претходно сметал дека на лесен и брз начин ќе ја добие борбата против Хадис. Откако виде дека не може да го дофати Рамадни Владрин почна да напаѓа и да се отвора, со што нашиот кикбоксер ја наметна својата тактика и во сите четири рунди доминираше. Хадис ги сечеше сите негови напади и поентираше. Победи со едногласна одлука на судиите“, вели Андреј Георгиев.
Тој додава дека Игришта имал околу 21 профи борба и 6 порази и најмногу се надевал дека ќе го заврши Хадис со колено и тоа во првата рунда.
Рамадани во скоро време може да се бори за европската или светската титула на оваа кик бокс организација.
На 17 февруари ќе настапи на Државното првенство на Македонија, каде што очекувам триумф и освојување на титулата.
Ipon.mk