Демитриус Андраде во Мајами (29-0, 18 КО) по трет пат ја одбрани титулата во средна категорија на ВБО.
31-годишниот Американец во 9 рунди го запре Ирецот Лук Килер (17-3-1, 5 КО).
Ова беше целосно нерамноправен меч, а Ирецот заврши на подот по само 5 секунди.
Имаше и броење и во втората, но успеа да преживее со до 9-тата кога судијата ја прекина борбата откако престана да се брани.
Андрејд по борбата изјави дека е подготвен да се искачи во суперсредна категорија за да го предизвика шампионот на ВБО, Били Џо Сандерс. Рече и дека неговиот промотор Еди Херн испратил понуда од 7 милиони американски долари до шампионот на ВБЦ во средна категорија Жармел Шарло, но не добиле одговор.