Андерсон Силва сака да ја заврши кариерата во јапонска ММА промоција

Легендарниот Андерсон Силва (34-11, 1 НЦ) ја започна својата ММА кариера во 1997 година и стана еден од најдобрите борци во историјата на слободните борби.

Бразилецот ја имаше последната ММА борба во октомври 2020 година, кога загуби од Урија Хол со прекин во четвртата рунда.

После тоа имаше неколку бокс мечеви, а се бореше и против познатиот јутјубер Џејк Пол и загуби.

Спајдер сака да ја заврши кариерата во јапонската ММА промоција.

„Размислувам да ја направам мојата последна ММА борба во јапонска промоција. Таму ја започнав кариерата, па веројатно таму ќе завршам. Ќе видиме дали ќе биде така, засега само преговараме“, рече Андерсон Силва и додаде:

„Чекам да заврши снимањето на филмот „Градот на убиствата“, а потоа ќе одам во Јапонија, каде ќе седнеме со луѓето кои сакаат да ја организираат мојата борба. Сакам да ја завршам мојата ММА кариера во Јапонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON