Андерсон Силва против Овинс Сент Про?

Легендарниот Андерсон Силва се уште е без противник за УФЦ 212 што ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 3 јуни.

Спајдер трбаше да се бори со Келвин Гаштелум, но неговиот ривал отпадна од сметките, откако во неговата крв беа пронајдени траги од употреба на марихуана.

Имаше можност Силва да се бори со Лук Рокхолд, но беше јасно дека Бразилецот одбил сличен меч.

Според бразилскиот медиум Комбате, УФЦ размислува Андерсон Силва да се сретне со борецот од полутешка категорија, Овинс Сент Про.

Евентуален дуел меѓу нив би се остварил на фиксна тежина од 195 фунти, пишува Комбате.

Минатиот викенд ОСП се врати на победничкиот пат победувајќи го Маркос Ржерио де Лима во Нешвил.

Додека самиот Андерсон има желба повторно да се бори со Ник Дијаз, но за него воопшто не е јасно дали и кога има намера да се врати во октагонот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON