Поранешниот шампион во средна категорија сака да се знае дека никогаш немал стероиди во телото и никогаш не мамел во кариерата. „Пајакот“ даде неколку позитивни допинг тестови пред борбата со Ник Дијаз.
Силва и се обрати на сите негови критичари.
„Не сум измамник и никогаш не сум имал стероиди тело. Само погледнете ги мечевите во Јапонија, кога се борев во Прајд до 80 кг, бидејќи немаше категорија до 84 килограми. Борците, против кои се борев тогаш, беа меѓу 94 и 100 кг. Значи, сите „експерти“ нека ги погледнат реалните факти. Им се извинувам на навивачите и моите поддржувачи, не сакам да сум груб со вас. Но ми омрзна да слушам неправедни обвиненија. Не сум светец и никогаш не сум рекол дека сум најдобар. Но, секогаш, она што го правам, го правам со љубов и искреност“.
Сослушувањето на Андерсон Силва од Атлетска комисија беше одложено неколку пати, па се уште нема официјално решение за иднината на Силва.