Андерсон Силва на УФЦ во Бруклин

anderson silva vo london

Андерсон Силва (33-8, 16-4 УФЦ) е без победа од октомври 2012 година.

41-годишниот поранешен светски шампион ќе се обиде да го промени тоа на УФЦ 208 во Њујорк на 11 февруари.

Поранешниот шампион во средна категорија во Бруклин ќе се бори со Дерек Барнсон (16-4, 7-2 УФЦ). 33-годишниот Американец во последната борба загуби со технички нокаут од Роберт Витакер. Со тој пораз ја прекина серијата од пет победи.

Силва последен пат се бореше во јули, кога загуби од Даниел Кормиер.

Во главната борба на УФЦ 208 во борба за првата шампионка во перолесна категорија се среќаваат Холи Холм и Жермен де Рандамие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО