Андерсон Силва: Ме принудуваа да се откажам

Легендата на ММА, Андерсон Силва, за прв пат го прокоментира ослободувањето од УФЦ, изјавувајќи дека бил принуден да се повлече.

Пред неколку дена, шефот на синџирот Дана Вајт изјави дека нивните патишта со „Пајакот“ се разминале по 14 години, а иднината на 45-годишниот Бразилец изгледа далеку од борба. Сепак, Силва ги искористи социјалните мрежи за да ги увери своите обожаватели дека не размислува за пензија и го обвини УФЦ дека се обидува да го натера да ја заврши кариерата.

„Здраво на сите. Не сакав да го покренам ова прашање, особено затоа што сум на одмор и како што вели поговорката „договорот е договор“. Сакам сите мои фанови да знаат дека ова е момент на радост и благодарност! Се чувствувам слободен откако се обидоа принудно да ме пензионираат! Го сакам и отсекогаш го сакав тоа што го работам, победите и поразите се дел од тоа и нема никаква врска со годините. Направив технички грешки и изгубив, но не ја загубив најважната работа – волјата и желбата да го работам тоа што го сакам. Јас сè уште го носам духот на воин и гори оган во моето срце што ме мотивира. Имам целосна верба дека сè уште можам да се борам со елитата во ММА. Го земам овој момент како време да ја погледнам својата кариера и да го испланирам мојот следен потег. Останете во тек“, им порача Спајдер на следбениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON