Андерсон Силва го прекина молкот: Борбата со Пол ќе биде настан на годината

Јутјуб ѕвездата и актуелен боксер Џејк Пол официјално ја објави својата борба против Андерсон Силва за 29 октомври.

За оваа борба се шпекулира веќе подолго време и не е изненадување, но до сега „Пајакот“ целосно молчеше за неговиот следен боксерски меч.

Претходните противници на Пол немаа вистинско боксерско искуство, додека Силва е еден од најопасните напаѓачи и има боксерска кариера, победувајќи го поранешниот шампион во средна категорија на ВБЦ, Хулио Цезар Чавез Јуниор минатата година, а потоа го нокаутира Тито Ортиз во првата рунда.

Засега некои обложувалници за фаворит го имаат Силва.

Еве што изјави Бразилецот:

„Знам дека сè во овој живот има причина. Ништо не се случува случајно. Му благодарам на Бога што сум здрав, што имам такво семејство и тим што ми дава можност да продолжам да го работам она што најмногу го сакам.

Верувам дека ова ќе биде најголемиот борбен настан во годината и ќе испишеме историја во спортот. Се гледаме на 29 октомври“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON