Бразилецот Андерсон Силва е еден од најголемите ММА борци во историјата. Легендарниот борец има победено 34 пати во текот на кариерата, а има 11 порази, една борба беше прогласена за „без одлука“.
Тој сè уште го држи рекордот од 16 победи по ред. Ако требаше да ги избереме четирите најдобри борци во историјата на слободните борби, Андерсон Силва сигурно ќе беше еден од нив. Но, Бразилецот овој пат го даде својот избор на четирите најдобри борци.
„Почитувам многумина, но кога зборуваме за најдобрите борци, тогаш најпрво би го истакнал Б.Ј. Пен Сè што направи е неверојатно. А, Хабиб е неверојатен, тој е ѕвер. Неговото борење, притисокот, начинот на кој се бори, го смени спортот“, рече Андерсон Силва и продолжи:
„Тука е Ројс Грејси, сè започна со него. Без него, немаше да има ништо, дури ни УФЦ. И мојот најдобар пријател Минотаур. Тој е мојот учител, од него добив црн појас во џиу-џицу.
Бразилската легенда загуби од Уријах Хол со нокаут во четвртата рунда на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас на крајот на октомври минатата година.
За бразилската 45-годишна легенда на ММА тоа беше трет пораз во низа, или седми во последните девет борби. Поранешниот ММА борец го победи поранешниот светски шампион Хулио Цезар Чавез јуниор во боксерски меч минатиот месец.