Борбата меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов што се очекува со нетрпение би можело да биде последна во кариерата на Ирецот ако доживее пораз, смета ММА аналитичарот Робин Блек.
„Може да добијат многу со оваа борба, но и многу да изгубат. Ако Мекгрегор дожиее пораз, сметам дека ќе се повлече засекогаш. Од друга страна, ако изгуби Хабиб, ќе ја прекине низата без порази, ќе ја изгуби титулата и тоа од некој како Мекгрегор. Кога страстите се на високо ниво, поразите се болни и ги менуваат борците засекогаш. Видете само што се случи со Хосе Алдо“, рече Блек за „Раша тудеј“, потсетувајќи на поразот што Алдо го доживеа од Мек Грегор откако „владееше“ непоразен речиси 10 години во кои забележа 18 победи во низа.
„Поразот на Хабиб нема да биде обичен, тоа ќе биде пораз од лут непријател, борец кој неговите фанови сакаат да го уништи. Тоа би бил пораз од некој кој Хабиб го смета за кловн, некој кој не му е дораснат, ме сфаќате што сакам да кажам“, додаде Блек.
„Ако победи Хабиб, ќе ја задржи победничката низа и тоа со победа над протвник кого го мрази. Победата ќе му го донесе вниманието што го ужива Мек Грегор, неговата публика, поддршка, страст, љубов и омраза. Хабиб ќе го добие сето тоа. Затоа ако изгуби, Мек Грегор ќе се повлече.“
Борбата е закажана за 6 октомври во Лас Вегас, Невада и се смета дека ќе биде финансиски најуспешната во историјата на УФЦ, а многумина ја сметаат и за најважна во историјата на ММА.