АМС и ЦЕМС потпишаа меморандум за развој на спортот

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт ЦЕМС потпиша меморандум за соработка со АМС.

„Ќе ни причинува задоволство во иднина да бидеме дел од тимот задолжен за изготвување национална стратегија за спорт и се разбира да придонесеме со сиот потенцијал и кадар кој е во ЦЕМС за поуспешно системско унапредување и развој на спортот. Не очекува напорна работа во наредниот период и очекуваме дека ќе има посветена и професионална активност на секој наш член во однос на остварување на зацртаните цели. Од лично име и од име на сите членови на ЦЕМС изразуваме благодарност на г-дин Дарко Каевски директорот на АМС за укажаната доверба и чест со што ни се овозможи во иднина да делуваме мотивирано и посветено за афирмација на спортот и Македонија“, велат од ЦЕМС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО