АМС и подели 1,5 милион денари на Карате федерацијата на Македонија, најмногу за РФМ

Најмногу од нив заминаа кај РФМ (5.2 милиони денари), а потоа следуваат ФФМ и МКФ со по четири милиони денари, додека, пак, Карате федерацијата на Македонија доби 1.5 милиони денари. Во третата распределба опфатени се вкупно 40 Федерации, а вкупната сума изнесува 25 милиони денари.

Продолжува успешната реализација на Законот за игрите на среќа и автомат клубовите, каде што три, односно 1.5 проценти од добивката се исплаќа на Агенцијата за млади и спорт, која што подоцна парите ги прераспределува на спортските федерации. Денеска во просториите на АМС беа потпишани новите договори за финансирање на федерациите од средствата утврдени во Законот за игрите на среќа.

„Денеска склучуваме договор со Ракометната федерација во износ од 5.2 милиони денари, со Кошаркарската федерација во износ од 4 милиони денари. Со Фудбалската федерација за настап на младите фудбалери на ЕП во Полска издвоивме 4 милиони денари. Додека, пак, Карате федерацијата доби 1.5 милиони денари, за нивните настапи на меѓународните натпревари, но и за организација на меѓународните натпреварувања, чиј домаќин ќе биде Република Македонија”, изјави Марјан Спасески, директорот на АМС.

Преку овој начин на финансирање, досега 50 национални Спортски федерации ги исполниле законските услови и имале навремена и уредна документација, а сумата која е исплатена изнесува 91 милион денари.
Инаку, со оваа распределба на средства беа опфатени околу 40 Федерации, кои добија околу 25 милиони денари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО