Амир Кан: Ќе го запишам моето има во историјата

Amir kan voodelo

Поранешниот светски шампион во бокс во полусредна категорија, Амир Кан, верува дека може да го победи шампионот на ВБЦ, Саул Алварез и да го запише своето име во историјата на боксот.

„Сега правиме стратегија за битката која ќе ми помогне да го победам Алварез. Имам медиумска турнеја, а потоа ќе си одам дома, каде што ќе поминам малку време со семејството пред да се впуштам во сериозно вежбање.

За мене тоа е многу важен меч. Со него ќе останам во историјата. Ќе се борам за титулата во средна категорија и верувам во своите сили. Со оваа битка ќе можам да и ги затворам устите на критичарите.

Средбата ќе биде тешка, но верувам дека имам се што ми е потребно за победа“.

Дуелот меѓу Алварез и Кан ќе се одржи на 7 мај во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО