Амир Хан од Велика Британија го победи на поени Дејвин Александар од САДво професионален бокс меч во средна категорија во Лас Вегас.
Тројцата судии му дадоа предност на Амир Хан – 120 : 108, 119:109 и 118 : 110 поени.
По оваа победа на 28-годишниот Амир Хан се очекува следниот неговиот ривал да биде светскиот шампион и суперѕвезда Флојд Мејведер од САД.
Амир Хан ја забележа својата 30 победа во професионалниот ринг, каде што има и 4 порази .
Амир Хан е олимписки вицешампион од Атина 2004, а олимписката виза за учество на Игрите во Атина, тогаш 18 -годишниот Амир Хан, победи на турнирот „Странџата“ во Бугарија, кој беше квалификациски за Атина 2004.