Амет Адеми – Амо од БК Лирија кој си го исполни животниот сон да биде ученик на Олимписки игри во борење од утре и практично ќе си го исполни.
Амо како борач не успеа да отиде на некоја Олимпијада, но сега отиде како гледач и од утре ќе ги следи настаните во борење во слободен стил на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, но завчера ги следеше и борбите во грчко римски стил и тоа со повод.
Тој вели дека пет пати излегол надвор од државата и дек аги следел сите државни, балкански, медитерански, европски и светски првенства.
„Господ ми ја исполни и оваа желба – да гледам олимписко борење во живо и тоа на роденденот (16.8.1972), а ова изнадување ми го приредија притјателите од Бразил, каде што сум сместен, бидејќи јас имам резервирано карти за слободен стил. Но, завчера прва пат во животот бев во средиштето на Олимписките игри. Имаше луѓе од цел свет, при што сите те поздравуваат и сите ги гледаш како се насмеани„, вели Амет.
Според него, најинтересно било кога луѓето ги виделе поставени сите знамиња заедно – македонското, албанското, косовското, на БК Лирија и Општина Чаир. Сите прашувале чии се овие знамиња, а луѓето од Европа ги препознавале, па Амо на шега рекол:
„По Токио 2020 Олимпијадата во 2024 година ќе се одржи во Скопје. Некои поверуваа и почнаа да с елсикаат со знамињата и со мене“.
Сепак, поранешниот борач на Лирија истакнува дека мора повеќе да работиме за да бидеем присутни на Олимписките игри во Јапонија 2020 година.
„Пример за тоа треба да ни биде легендарниот тренер Менатз Алајбегу, еве и слекторот на комшиите од Косово, Дритон Тони Кука, кој со многу работа стигна до златен медал на ОИ со Мајлинда Келменди во џудо. Така се афирмираат клубот, градот, државата сите што се вклучени во спортот. Да може и ние да се радуваме и да ги пречекаме нашите спортисти како олимписки шампиони“, смета Амо.
Ipon.mk/В.Д.