Американскиот боксер Рој Џонс зема руски пасош и рече: Јас сум Русин!

Roj Dzons so ruski pasos

Познатиот американски боксер Рој Џонс Јуниор доби руски пасош. Свеченоста се одржа во Москва во еден од централните оддели на Федералната миграциона служба на РФ, јавуваат медиумите.

На 12 септември рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша декрет за доделување на руско државјанство на 46 годишниот Џонс.

„Тоа беше многу голем чекор за мене. Многу сум среќен што сега ќе ја посетувам Русија како граѓанин на земјата. Русија е одлична земја, луѓето овде се величествени“, рече боксерот.

Тој истакна дека веќе почнал да го учи рускиот јазик.

„Јас сум Русин“, рече тој на руски.

Следниот меч на Џонс Јуниор ќе се одржи на 12 декември во Москва за титулата „супершампион“ на Светската боксерски асоцијација во прва тешка категорија.

Своевремено Рој Џонс Јуниор се сметаше за најсилниот боксер во светот во сите категории. Тој ја започна својата кариера на професионалниот ринг во 1989 година Беше светски шампион во четири категории. Притоа, Американецот е познат и по едно единствено достигнување – тој е единствениот боксер, кој има шампионски титули во средна, втора средна, полутешка и тешка категорија. Во својата кариера Американецот на професионалниот ринг има 62 победи, од кои 45 се со нокаут. Рој Џонс-Јуниор има и 8 порази во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON