Со брзиот развој на бразилското џиу џицу на глобално ниво, Армијата на САД сфаќа колку е важно нивните маринци да поседуваат барем минимална доза на вештини од боречките спортови со зафати.
Боречкото искуство е исклучително погодно за служење во војска или силите на редот, бидејќи овозможува неутрализирање и задржување на противникот без тој да биде сериозно повреден. Ова го прави боречкото искуство уникатно само по себе и го задржува вниманието за време на тренинзите на офицерите, запознавајќи се со бразилското џиу џицу.
Неодамна во Баграм, Авганистан, се одржа турнир, кој беше прв за многу од мажите и жените во униформи. Околу 85 учесници се натпреваруваа за да го добијат најдобариот меѓу нив.
Еве како опишува бразилското џиу џицу главниот наредник од ВВС – Рајан Блумберг:
„Тоа е борбен спорт чија основа главно се базира на самоодбраната“.
Главната цел на делегатите и судиите и била безбедноста на учесниците. Турнирот бил одлична шанса за секој што тренира да си го провери напредокот и да се тестира себе за време на борба со друг обучен противник.
Од приложеното видео може да видите дел од пресметките и презентацијата на спортот од одговорните на војници.