Аманда Серано ја предизвика Кејти Тејлор

Феноменалната Аманда Серано е решена да се бори со Кејти Тејлор по уште еднa победа во рингот. Во главниот настан на Xејк Пол – Тајрон Вудли, Порториканката ги одбрани светските титули во перо категорија против Јамилет Меркадо.

Аманда веќе се чувствува подготвена за еден од најочекуваните мечеви за жени.

„Сакам да се борам со Кејти Тејлор“, рече Серано.

„Таа и Клариса Шилдс се двете во Топ 3 на женскиот бокс, дискутабилно е како точно би изгледало рангирањето меѓу нас. Ќе биде голема битка помеѓу светските шампиони, ајде да го направиме тоа“.

Овој меч треба да се одржи – и двете продолжуваме да победуваме “.

„Ќе мора да бидеме соодветно платени. Дадов се од себе, се борам со девојки од Топ 10, ги победив. Парите зависат од промоторите и мислам дека ги заслужувам“, додаде Серано.

Тејлор ќе го брани појасот во лесна категорија против Џенифер Хан на 4 септември во Лидс, Англија.

Евентуалната борба со Серано би била најголемата во историјата на женскиот бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО