Аманда Нуњеш: Во женското ММА, јас сум подобра верзија на Конор Мек Грегор

Amanda se smee

Интересно размислување изнесе Аманда Нуњеш за своите квалитети и потенцијал да биде истовремена шампионка во две различни категории.

Правакот на УФЦ во бантам категорија викендов ја придружуваше својата девојка Нина Ансароф за време на нејзиниот настап на УФЦ Фајт најт 103. Но, и покрај тоа што не беше во преден план, ниту таа не можеше да ги избегне прашањата на медиумите, од кои едно беше многу интересно. По враќањето од Феникс на аеродромот ја затече новинарот на ТМЗ кој праша може ли да биде женска верзија на Конор Мек Грегор.

„Мислам дека може да бидам уште подоминантна отколку што е Конор. Јас сум комплетен борец кој нема ништо со тоа каде и на кој начин се одржува борбата. Сакам УФЦ да ми даде можност да го докажам тоа, да покажам дека сум јас подобра верзија на Конор Мек Грегор“, вели Аманда за ова прашање.

Нуњеш е четврта шампионка на УФЦ во бантам категорија, но и втора што ја одбранила титулата, откако тоа не им појде од рака на Холи Холм и Миша Тејт. Всушност, Холи Холм би можела да и биде следната противничка, ако УФЦ и ја оствари желбата. Имено, Нуњеш отворено ја прозва првата шампионка во перолесна категорија, односно победничката од борбата Холи Холм и Жермејн де Рандами на УФЦ 209.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON