Двократната шампионка Аманда Нунес ја заложи титулата во перо категорија против Фелисија Спенсер на главната борба на УФЦ 250 во Лас Вегас. Бразилката не и даде шанса на противничката и доминираше цело време. Нивната средба траеше 25 минути и заврши со одлука на судиите.
„Леоа“ правеше што ќе посакаше со Спенсер која е поранешна шампионка на Инвикта. Нунес доминираше како во стој, така и во пратер. Таа се впушти во сериозна борба со Фелисија која покажа дека има големо срце и издржливост, при што не се предаде до самиот крај.
Нунес беше близу до завршница во 4-тата рунда, но Спенсер ги преживеа тешките удари. На крајот на 4-та Аманда применуваше зафат за предавње, но сирената ја спаси Фелисија. Доминацијата на шампионот продолжи и во 5-та рунда и борбата дојде до одлука која беше едногласна во корист на Нунес – (50-44, 50-44, 50-45).
Ова е 11-та последователна победа за Нунес со која успеа да ги одбрани и двете титули и уште еднаш да се запише во историјата. Спенсер повторно загуби и веќе претрпе две порази во последните три битки. Таа ја доби почитта со своето големо срце и шампионката и го даде да го држи појасот по мечот.
Една од најрадосните за победата на Нунес беше нашата Нина Ансароф која и е пратнерка на Аманда.
https://www.instagram.com/p/CBHtQZ0HN1A/?utm_source=ig_embed
#ANDSTILL 🏆🏆
It is still @Amanda_Leoa's jungle! 🦁 #UFC250 pic.twitter.com/mJRVxLUb8G
— UFC (@ufc) June 7, 2020
Championship heart 💛 #UFC250 pic.twitter.com/l5mG38cwIP
— UFC (@ufc) June 7, 2020