Двете ѕвезди на светскиот бокс Сол Алварез – Канело (Мексико) и Генади Головкин (Казахсатн) во отсуство на борба продложуваат со медиумската војна.
Тие не престануваат да се напаѓаат, а експертите предвидуваат дека ова е почеток на загреевањето за дуелот меѓу нив. На почетокот на годината Светскиот боксерски совет му нареди на Мексиканецот да се сретне со Головкин, но тој претпочита да се бори со Амир Хан. Потоа Алварез беше принуден да го отстапи појасот на Светскиот боксерски совет и најави дека се враќа во супер полусредна категорија.
„Во целата моја кариера никогаш не сум избегал од ривал, вклучувајќи го и Головкин. Многу луѓе го дефинираат како најдобар, но не е така. Тој не боксира со некој посериозен ривал. Кој е нокаутиран? Кои се овие противници? Мечот со него ќе се случи порано или подоцна. Треба да сме свесни дека нема да му дадам никаква предност на Головкин“, вели Алверз.
Алварез ќе се бори на 17 септември со Лиам Смит за титулата на Светската боксерска организација. Една недела порано, Головкин ќе се сретне со друг Англичанец, Кел Брук.