Алварез и Плант го минаа мерењето (ВИДЕО)

Се одржа мерењето пред големиот боксерски меч меѓу Канело Алварез и Калеб Плант. Тие ќе се борат во Лас Вегас, а победникот ќе стане првиот неприкосновен шампион во историјата на суперсредна категорија.

Плант ќе ја брани титулата на ИБФ, како и статусот на непоразен боксер. Сол Алварез, пак, ќе ги брани титулите на ВБА (Супер), ВБЦ и ВБО. Алварез тежеше 76,20 килограми, а Плант 75,74 килограми.

Канело е во серија од 14 последователни победи и годинава успеа да ги победи Јилдирим и Сандерс.

Видео од мерењето:

Канело Алварез (168 / 76,20 кг.) – Калеб Плант (167 / 75,74 кг.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО