Светскиот шампион во четири различни категории Сол Канело Алварез е подготвен да се бори против непоразениот Британец Били Џо Сандерс. Штабовите на двајцата боксери веќе почнаа да преговараат.
Сандерс забележаа импресивна победа во последниот меч и ја одбрани светската титула во суперсредна категорија против Марсело Козарес со нокаут во 11-тата рунда.
И Алварез беше многу убедлив. Се подигна во лесно-тешка категорија и го совлада шампионот Сергеј Ковалев.