Хабиб: Никој не ме познава на улица во Швајцарија или Германија

Рускиот борец е против ловот на мечки, а ужива во патувањата каде што не е толку популарен.

Светскиот шампион во лесна категорија во Ултимејт фајт шампионатот, рускиот борец Хабиб Нурмагомедов, рече дека ужива во патувањата, особено во Швајцарија и Германија, каде што не го препознаваат луѓето.

„Сакам да патувам, но некогаш е тешко. Има земји во кои популарноста на боречките вештини не е голема. Во Германија или Швајцарија можете да одите слободно, без луѓето да ве препознаат“, рече Нурмагомедов.

Хабиб стана познат во светот и по тоа дека како дете се борел со мечка, за што имаше и доказ со снимка, и кажа дека е против ловот на тие животни.

„Ги сакам животните. Може да се бориме со мечка, но не треба мечките да бидат убивани“, додава популарниот борец, кој беше критикуван од некои организации за заштита на животните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО