Алтин Османи беше немоќен во сребата со Иван Некиќ од Хрватска на Европското првенство за ученици во Сараево. Хрватскиот боксер славеше со прекин во првата рунда на 30 секунди до крајот.
Османи беше немоќен пред налетот на Некиќ, судијата два пати му броеше и по второто броење ја прекина четвртфиналната борба која обезбедуваше бронза за победникот.
Фурхан Јашаровски не беше на нивото од првата борба и загуби со убеливи 0-5 од Молдавецот Александру Ценуса.
Европско за ученици – резултати:
42 кг – 14 боксери
Фурхан Јашаровски – Давид Кухар (Хрватска) 5-0 (ТКО, Р1)
Фурхан Јашаровски – Александру Ценуса (Молдавија) 0-5
50 кг – 16 боксери
Алиџан Демиров – Андреј Кипел (Блелорусија) 0-5 (ТКО, Р1)
54 кг – 15 боксери
Рион Бајрами – Топрак Салман (Турција) 0-5
60 кг – 15 боксери
Баки Аети – Самвел Сирамаргјан (Ерменија) 0-5
63 кг – 11 боксери
Алтин Османи – Иван Некиќ (Хрватска) 0-5 (ТКО, Р1)
54 кг – 9 боксерки
Мила Геогиева – Јулие Полденикова (Чешка) 0-5 (ТКО, Р1)