Меѓународна сценаММА

Алистер Оверем: Тоа е мојот последен поход на врвот, ќе се пензионирам како првак

Борба меѓу двајцата тешкаши Алистер Оверем (47-18, 1НЦ) и Александар Волков (32-8) е водечка на настанот УФЦ Фајт најт, што ќе се одржи на 6 февруари во Лас Вегас.

Првиот дуел беше договорен во април 2019 година, но нивниот судир не се случи.

И двајцата ги добија последните средби, минатата година во октомври Волков (32) го совлада Волт Харис со технички нокаут, а на ист начин во септември 40-годишниот Оверем го победи Август Сакаи.

Тоа ќе биде последен обид холандскиот борец да стигне до врвот.

„Се чувствувам како ова да е моето време. Имам две победи по ред и сега морам да продолжам. Сакам да дојдам до борбата за титулата, таа ме чека. Ова ќе биде мојата последна борба за титулата, бидејќи немам повеќе време“, рече Алистер Оверем и додаде:

„Имам одлична кариера, која наскоро ќе заврши. Не сакам да се борам уште пет години. Ова е мојот последен скок до врвот. Ќе се повлечам во моментот кога ќе ја освојам титулата. После тоа, не треба повеќе да докажувам ништо“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON