Алифета Селими избран за претседател на Федерацијата за пеливанско борење

pelivani ekipa vo bg

На вчерашното вонредно Собрание на Федерцаијата за пеливанско борење на Македонија едногласно е разрешено досегашното, а за нов претседател е избран проф. д-р Алифета Селими, додека за генерален секретар е избран професорот Хамид Бакија, како и двајца потпретседатели и 5 члена Извршниот орган и 3 члена Надзорниот орган и другите потребни комиси и тренери во функција на Федерацијата.

На Собранието,кое се одржа во Спортскиот центар „Лирија“, присутвуаа претставници на седум од вкупно 13 клубови на ФПБМ., така што беа исполнети условите од Статутот за свикување на вонредно Собрание.

На Собранието беа посочи сите проблеми со настанатата ситуација во Федерацијата односно со лошото менаџирање и големи злоупотреби во самата федерација, за што беа посочени „нелегитимниот“ претседател Амет Османи и секретарот Боро Лазаревски. Претседавачот Исо Даутовски од Баш пеливан од Батинци истакна дека наназад 5-6 години се нема одржано собрание, дека нема никаков финансиски отчет пред клубовите ФПБР.

Pelivanski klubovi lista

„Освен фиктивни записници доставени до АМС, со лажни информации, цело време манипулират со јавноста. Морам да спомнам дека истите ови нелегитимни претставници доделуваа стипенди на свотие најблиски, децата, односно Амет Осман на својот првооделенец (8) годишен син му доделува стипендија. Непознат на спортскиот терен, исто така овој г-дин е со завршено вечерно училиште, нема адекватно образование за да води национална федерација. Истовремено е и претседател на ПК Моране. Според банкарските изводи што ги поседуваме, тој на својот клуб префрлил финасиски средства над 1.500.000,00 денари, тука има судир на интереси . Истото го сторил и Секретарот на ФПБ, Боро Лазаревски, кој префрлил слична сума на пари на сопствениот клуб – Караџица и на другите фамилијарни клубови, како на пример на зет му Гоце Станчев, зет за ќерка, односно на ПК Пелива од Велес. И многу други злоупотреби се случувале во изминатитот прериод“, посочи Даутовски..

 Претставникот на ПК Беса –Сарај, Ферат Таири, додаде дека Федерацијата до сега била раководена фамилијарно, односно од фамилиите Османи и Лазареви.

„Во Управниот одбор беа Амет Осман, Боро Лазаревски, Оливера Лазарева, Гоце Станчев,а сите финасиски средства и други бенефиции ги искористеле току овие лица, штое апсурд и големо злоуптреба на функциите кој ги имале. Тоа е голем срам. Јасно се гледа дека нив ги интересира само како да го поделат профитот меѓу нив. Го уништија традиционалниот спорт. Со ваквиот однос многу таленти уништија, а нив тоа не ги интересира. Овде има работа и за органите за прогонот“, рече Таири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО