Али Абделазиз: Канело Алварез е комплетна кукавица

Менаџерот на Камару Усман, Али Абделазиз, вели дека Канело Алварез е кукавица.

Усман во последните недели зборуваше за бокс меч со Алварез. Канело важи за најдобар активен боксер во моментов. Има освоено титули во неколку различни категории и продолжува да покажува дека е недостижен.

Усман, од друга страна, никогаш не импресионирал со борбата во стој. Тој многу се потпира на борењето што го донесе до врвот. Абделазиз се залага и за бокс меч кој ќе заработи милиони. Секако, Али ќе добие дебел процент од договорот со Усман.

На социјалните мрежи Абделазиз го критикува Сол.

„Канело Алварез е комплетен страшливец. Се бори со борци кои имаат 5.000 следбеници на Инстаграм. Таквите борци нема да направат ништо за неговото наследство.

Сега разбирам зошто не сака да загуби од борец како Камару Усман. Тоа го прават кукавиците. Без ризик – без награда“, напиша Абделазиз на Твитер.

Малку подоцна, Алварез одговори и напиша:

„Кој е ова по ѓаволите?“, напиша Алварез на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО