Ален Рустемовски убедливо до златниот медал на Опен Балкан шампионатот, сребро за Адријан Рустемовски

Ален Рустемовски го освои златниот медал Опен Балкан шампионатот во Пале, Босна и Херцеговина, откако во финалето славеше со судиска одлука 5-0 над Стефан Чамовиќ од Србија.
За жал, неговиот брат, Адријан Рустемовски загуби од Артур Нагаптјан од Србија со 1-4.

На Адријан му недостасуваше кондиција, инаку додека беше свеж покажа дека е подобар боксер. Па така, освои сребрен медал.

Резултати Опен Балкан шампионат:
Сениори
57 кг Адријан Русетмовски (Македонија) – Артур Нагаптјан (Србија) 0-5
60 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Никита Косман (Русија) 3-2
Финале
60 кг Ален Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) финале 5-0
Освојувачи на медали за Македонија:
Сениори
57 кг Адријан Рустемовски – сребрен
60 кг Ален Рустемовски – златен
71 кг Наум Стојаноски – бронзен
Јуниори
50 кг Петар Трајчевски – сребрен
54 кг Арабел Рустемовски – сребрен
Кадети
54 кг Христијан Стојаноски – бронзен
80 кг Давид Здравевски – сребрен
Пионери
54 кг Џанер Билјали – златен



