Ален Рустемовски во полуфиналето на Меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник“ ќе се бори со Шпанецот Габриел Ескобар.
Борбата за влез во финалето е утре, а вториот полуфинален меч е меѓу Едуард Савин од Русија и Хамаруи Лунес од Франција.
Турнирот е генерална проба пред Европско првенство за сениори од 18 до 28 април во Белград.
Мината година Рустемовски го освои 3-то место, а оваа година цели да биде победник.
Резултати – Белградски победник:
57 кг
Полуфинале
Ален Рустемовски – Габриел Ескобар (Шпанија)
63,5 кг Дион Лена – Аљаз Сирцеј (Словенија) 1-4 1/8 финале
71 кг Алим Насуфи – Ромео Буза (Унгарија) 1-4 1/8 финале