Ален Рустемовски, Дион Лена и Алим Насуфи ќе ја претставуваат Македонија на „Белградски победник“

Ален Рустемовски, Дион Лена и Алим Насуфи ќе ја претставуваат Македонија на силниот Меѓународен турнир во бокс „Белградски победник“.

Утре патуваат за Белград предводени од тренерот Јове Петровски.

Турнирот почнува утре и трае до 16 март и е генерална проба пред Европско првенство за сениори од 18 до 28 април во Белград.

Русија доаѓа со репрезентацијата која ќе учествува на ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО