
На силниот Меѓународен турнир „Странџа куп“,нашиот репрезентативец Ален Рустемовски (-60 кг) со едногласна одлука на судиите од 5-0 го совлада Романецот Василие Скалко.
Ален боксираше во нему својствен стил со многу движење и задавање брзи контри, бидејќи скалко форсираше борба од близина и завидна брзина на ударите.
Во наредната борба Рустемовски ќе се сретне со бугарскиот боксер Радослав Росенов кој го совлада Таџи Насибов од Азербејџан со 4-1, која е закажана за 25 февруари.
Во категоријата на Ален се пријавени 29 боксери.
На турнирот настапуваат 129 боксерки и 209 боксери, вкупно 338 учесници.



