Ален Рустемов и Илхан Озмен се враќаат со бронзи од „Белградски победник“

Ален Рустемов и Илхан Озмен освоија бронзени медали на 60. Меѓународен бокс турнир „Белградски победник“.

Тие вчера се бореа за  влез во финале, но Озмен имаше лекарска забрана поради повредата на левата аркада. Тој во четвртфиналето го победи првакот на Азија Васили Самчук од Казахстан со 4-0.     

Рустемов во полуфиналето загуби 1-4 од Микеле Балдаси од Италија, европски првак од шампионатот 2022 во Пореч, Хрватска, а во 2021 беше втор на ЕП. Вкупно има 4 медали од шампионатите.

Неговиот тренер Јове Петровски вели дека мечот го одлучиле нијанси, но покажале дека Ален има квалитет да се носи и со најсилните.

Илхан во полуфиналето требаше да се бори со Лаи Чу-Ен од Тајван.

Ианку на турнирот настапуваа 225 боксери (155 мажи, 70 жени) од 25 држави.

Резултати – Белградски победник:

57 кг
Ален Рустемов – Лазар Пантиќ (Србија) не се појави во рингот
Полуфинале
Ален Рустемов – Микеле Балдаси (Италија) 1-4

63,5 кг
Илхан Озмен – Васили Самчук (Казахстан) 4-0
Полуфинале
Илхан Озмен – Лаи Чу-Ен (Тајван) лекарска забрана

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON