Познатиот боксерски промотер Еди Херн во интервју откри дека хравтскиот боксер Ален Бабиќ наскоро ќе се бори за појасот светски шампион на ВБЦ во бриџер категорија.
Бабиќ веднаш ја сподели објавата на својот Инстаграм.
„Мечот меѓу Бабиќ и Ривас ќе биде нареден од страна на ВБЦ. Во моментов се обидуваме да договориме датум. Разговараме со Ивон Мишел (промотерка на Ривас-н.з.) и се чини дека „Севиџ“ ќе го добие мечот за шампионскиот појас на ВБЦ“, изјави Еди Херн.
Хрватскиот боксер истакнува дека отсекогаш сонувал за ова.
„Наскоро ќе заврши чекањето! Ако сонувам, не сакам да се разбудам. Ако е борба, нема да се предадам“, напиша Бабиќ во објавата, а потоа на шпански му порача на Ривас дека е „подготвен да умре“.
Според Херн, борбата меѓу Ален Бабиќ и Оскар Ривас треба да се случи во ноември.
View this post on Instagram