Aлександaр Усик заинтересиран за меч против Дионтеј Вајлдер

Боксерот од Украина, Александар Усик, веднаш по триумфот во реваншот над Ентони Џошуа, во кој ги одбрани титулите во ВБА, ВБО и ИБФ, изрази желба да се бори против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури за обединување на титулите во тешка категорија.

Усик посебно нагласи дека овој меч може да се договори само за следната година, што не му се допадна на Фјури.

Во меѓувреме, Кралот на Ромите му понуди борба на Џошуа, кој изгледа дека на крајот нема да го прифати мечот, а во игра е и Мануел Чар.

Таткото на Тајсон, Џон Фјури во неодамнешното интервју ги спомена можните кандидати кои би можеле да добијат шанса да се борат против шампионот на ВБЦ, а тоа се Енди Руиз Јуниор, Луис Ортиз и Филип Хрговиќ.

Во моментов Украинецот не е заинтересиран за меч против Фјури, но во некој разговор спомна некои боксери со кои би сакал да влезе во рингот, а еден од нив е Дионтеј Вајлдер.

Менаџерот на Александар, Егис Климас, потврди дека Усик е заинтересиран за меч против Вајлдер, но откри дека се надеваат оти ќе се борат со Фјури на почетокот на следната година.

„Во боксот може да се случи се, повредите се дел од спортот. Затоа, тешко е да се прогнозира, но се надеваме дека се ќе биде подготвено за натпреварот меѓу Усик и Фјури“, истакна Егис Климас, и додаде:

„Неодамна ми се јави Усик и ми рече: „Ако Фјури не е подготвен за нашиот меч, тогаш ќе се борам со Дионтеј Вајлдер“. Го прашав зошто, а тој ми одговори дека знае колку е ризично, но му се допаѓа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО