Хрватскиот боксер Ален Бабиќ убедливо стигна до 12-та победа (11 нокаути) во професионалната кариера.
На настанот во лондонската О2 арена Севиџ со прекин во шестата рунда го победи Британецот Стив Робинсон, познат по прекарот Драго.
Бабиќ доминираше против домашниот борец и во секоја рунда му нанесуваше голема штета на противникот, кој мечот крвареше од носот и од ушите.
По жестоките удари на Ален судијата мораше да го прекине мечот, бидејќи Иван Драго едвај стоеше на нозе.
Хравтот со прецизни и силни удари го погаѓаше противникот, кој од рунда во рунда губеше енергија.
Неколку блесоци од Робинсон не ја нарушија концентрацијата на Бабиќ, кој брилијантно се држеше до својата тактика и постојано одеше напред.
Во последната минута од петтата рунда Севиџ добро го стресе Британецот.
Тренерот му дозволи на Стив да го продолжи мечот, но по насилните крошеа и аперкати на Ален, судијата го прекина мечот.
Бабиќ на тој начин се врати во рингот со победа откако загуби пред речиси една година во мечот за титулата шампион во ВБЦ бриџер категорија против Полјакот Лукаш Розански.