Ален Амедовски доби уште една шанса во УФЦ

Македонскиот борец во средна категорија, 34-годишниот Ален Амедовски (8-3) има три порази по ред во најголемата светска ММА организација.

Тој дебитираше во УФЦ во април 2019 година кога загуби од Кшиштоф Јотка, а потоа загуби од Џон Филипс и во мај оваа година од Џозеф Холмс.

Македонецот ќе добие уште еден шaанса против дебитантот на УФЦ Џо Пајфер (9-2), кој потпиша договор минатата недела преку натпреварувањето во серијата „Контендер“.

Тие ќе се борат на 17 септември на УФЦ Фајт најт 210, настан што ќе го предводи пресметката меѓу Кори Сандхаген и Сонг Јадонг.

Американскиот борец остави добар впечаток кај претседателот на УФЦ, Дана Вајт. Пајфер го победи Ози Дијаз со нокаут во втората рунда во неговиот втор обид на настанот DWCS.

По настапот, Вајт им рече на идните натпреварувачи:

„Бидете како Џо Пајфер“.

Во текот на кариерата Американецот извојува девет победи, шест пати со нокаут, два пати со принуда и еднаш со одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО