Македонскиот борец Ален Амедовски доби противник за дебито во УФЦ.
Поранешниот борец на Белатор Ален Амедовски (8-0) на 20 април во Санк Петербург ќе се бори против полскиот среднаш Кшиштоф Јоткo (19-4, 6-4 УФЦ).
Непоразениот Македонец го замени повредениот Роман Копилов. Амедовски живее во Италија и во Рим тренира со поранешниот борец на УФЦ Алесио Сакара.
Јоткo во мечот влегува по три последователни порази.
Во УФЦ во моментов успешно се бори и Австралијанецот со македонско потекло Александар Волкановски кој е 6-0 во американската промоција и во последните две борби ги победи Чад Мендез и Дарен Елкинс. Секако, тука е и Нина Ансароф која живее во САД и е во серија од три последователни победи.
Во главниот меч на настанот во Русија Алистер Овери се бори со Александар Волков.