Александар Димовски се круниса во Крал на кралевите во Сараево (ФОТО)

Александар Димовски – Димса (22-10, 12 KO) славеше со ТКО во третата рунда над Словенецот Саша Јовановиќ (7-2), а во финалната пресметка против Санид Имамовиќ (20-8) од Босна и Херцеговина победи со нокаут во првата рунда на настанот Кикг оф кингс – Ворлд Гранд при во К-1 во Сараево и ја освои слободната титула во тешка категорија.

И Димовски (21-10, 12 КО) и Јовановиќ (7-2) внимателно почнаа со нападите. Димовски нападна со левата нога во телото што му наштети на Јовановиќ, по што му бореја. Димовски одеше агресивно, при што зададе уште неколку удари во телото и други за ново броење. Македонецот не стави крај на борбата во првата рунда.

Во втората рунда, Димовски освои уште осум поени, пред да го заврши Јовановиќ во третата рунда со неколку удари во телото.

Синоќа Димовски се бореше во категоријата над 93 килограми.

Димовски го завери билетот за финалето на Светскиот куп во тешка категорија на КОК со нокаут во првата рунда над Имамовиќ . Димовски одеше во страна и работеше на задвање удари. Игомовиќ го притискаше Македонецот. Димовски добро го поткачи со десната рака и го шокираше Имамовиќ, а со неколку последователни удари ја довршии работата,по што му броеја до осум. Имамовиќ беше демолиран и во лоша состојба, а судијата го прекина мечот.

Димовски ќе се соочи со победникот на вториот ГП турнир на КОК во тешка категорија, кој ќе се одржи подоцна во текот на годината.

„Од спортист направив ѕвер, а од ѕвер шампион“. Следно, одиме на професионална титула“, напиша Златко Неделковски кој беше во неговиот агол, а и учествуваше со совето стручно знаење во подготовките! 

https://www.facebook.com/bakrevska/videos/2920450874692724/

Во главната борба на литванската промоција Џевад Потурак го победи албанско-австрискиот ММА борец Дритан Бајрами со прекин во втората рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО