Александар Усик порача: Откако ќе го решам Фјури, ќе следи Вајлдер

Светскиот шампион Александр Усик (20-0) изјави дека по мечот против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, следен противник ќе му биде Дионтеј Вајлдер.

Украинскиот боксер минатата година првпат го победи Ентони Џошуа и ги освои шампионските појаси на ВБА, ИБФ и ВБО, а во август уште еднаш го совлада Британецот и ги одбрани титулите.

Усик сака да ја комплетира својата колекција со појасот на ВБЦ, а тој меч за апсолутниот светски шампион во тешка категорија би требало да се одржи следниот март.

Во јули 2018 година Усик ги обедини сите титули во полутешка категорија со победа против Мурат Гасиев, а во декември истата година го победи Тони Белју со нокаут во осмата рунда и ги одбрани ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ВБО. појасите.

Потоа се пресели во тешка категорија, ги победи Чаз Витерспун и Дерек Чисора, а потоа дојдоа и два триумфа против Џошуа.

Усик и неговиот тим се надеваат на пресметка против Фјури на почетокот на следната година за да ги обединат појасите во тешка категорија.

На 3 декември Кралот на Ромите ќе боксира прво во трилогијата против Дерек Чисора.

А Дионтеј Вајлдер неодамна направи фантастичен камбек по двата тешки порази против Фјури. Бронзениот бомбардер неодамна го победи Роберт Хелениус со нокаут во првата рунда.

По таа победа Вајлдер изрази желба да се бори со Усик, но во меѓувреме почнаа да кружат муабети за можна борба против Енди Руиз.

Но, Украинецот во неодамнешната изјава рече:

„Откако ќе се ослободам од Тајсон Фјури, ќе разговараме со Дионтеј Вајлдер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО