Александер Устинов ќе се бори со Дјевид Хеј или Мануел Чар

aleksander-ustinov

Менаџерот на Александер Устинов, Владимир Хјрунов, изјави дека неговиот клиент ќе се сретне со Дјевид Хеј или Мануел Чар за привремената титула на WBA во тешка категорија.

Устинов требаше да се бори за истиот појас против Луис Ортиз, но откако Кубанецот одби да патува за Русија за да бори со Устинов, ВБА одлучи да му ја одземе титулата.

Устинов имаше опции да се сретне со Владимир Кличко и Лукас Браун, но овие варијанти пропаднаа. Кличко ќе се бори со Ентони Џошуа за супер титулата на ВБА, додека Браун ќе се сретне со ветеранот Шенон Бригс за редовната титула на Асоцијацијата.

„Александер Устинов го задржа правото да се бори за титула на ВБА“, појасни Хјрунов, додавајќи: „Мислам дека во следните две недели ќе имаме потпишан договор со еден од боксерите кои се високо рангирани. Натпреварот ќе биде за привремената титула на ВБА. Ќе има преговори со двајцата најверојатни противници, кои се добро познати боксери – Дјевид Хеј или Мануел Чар“.

Тој потврди дека Устинов ако се сретне со Дејвид Хеј, тогаш мечот ќе се одржи во Англија, а, ако ривал е Мануел Чар, ќе се борат во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО