Александар Волкановски истакнува дека може да бара од УФЦ што сака: Подготвен сум за нови предизвици

На 2 јули Александар Волкановски (25-1) по трет пат го совлада Макс Холовеј и ја одбрани титулата шампион на УФЦ во перо лесна категорија.

Тоа беше 12-та победа за Австралиецот со македонско (битолско) во најголемата светска ММА организација и четврта одбрана на титулата.

Откако ја расчисти категоријата, сега сака да се натпреварува во лесна категорија и да се бори со победникот од мечот меѓу Чарлс Оливеира и Ислам Махачев.

Тие ќе се соочат на настанот УФЦ 280 на 22 октомври во Абу Даби.

Но, многумина мислат дека Волкановски не би се снашол најдобро во повисока категорија, бидејќи борците се нешто поголеми од него.

„Одам во лесна категорија“, повтори Александар Волкановски во своето последно интервју, а потоа продолжи:

„Има и такви кои се сомневаат дека можат да го направат тоа, а јас тоа го сакам. Не сакам да бидам фаворит барем на еден меч. Сакам да ги шокирам луѓето со моите настапи и повторно да се докажам. Со секој мој следен настап сакам да ја подигнам границата“.

Шампионот моментално нема вистинска конкуренција во перо категорија. Следен противник со кој би можел да се бори е победникот од борбата меѓу Јаир Родригез и Џош Емет. Имено, тие треба да се борат за привремениот појас.

„Сега сакам да го изберам само она што мислам дека е најдобро за мојата кариера, а во моментов се чини дека е лесна категорија. Веќе некое време велам дека сакав да ја пробам таа категорија, но прво требаше да ја завршам трилогијата со Макс. И сега можам да го побарам заслуженото“, рече Александар Волкановски и заклучи:

„Подготвен сум за нови предизвици. Има многу борци во перо категорија, но сакам да добијам вистински предизвикувач. Тука се Џош Емет и Јаир Родригез, потоа Арнолд Ален кој е голем борец. Тој може да биде добар предизвик ако добие шанса за титулата, но мислам дека Јаир и Емет се поблиску до меч за привремен шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON