Александар Усик се откажа од појасот, Фабио Вардли е новиот шампион на ВБО

Непоразениот Александар Усик во јули со нокаут во петтата рунда го победи Британецот Даниел Дубоа и по втор пат стана апсолутен шампион во тешка категорија.
Четири месеци подоцна, украинскиот борец го напушти шампионскиот појас на ВБО, кој сега е во сопственост на Фабио Вордли, кој во октомври со прекин во 11-тата рунда го победи Џозеф Паркер.
„Усик одлучи да го врати појасот, заслужува огромна почит. Апсолутниот шампион во две категории има посебна кариера во модерната ера“, изјави ВБО.
Веста ги израдува љубителите на боксот на Островот, како и промоторот Френк Ворен, кој потврди дека „Британија има нов шампион во тешка категорија и нова ѕвезда“.
„Приказната за Фабио Вордли е една од најневеројатните што сум ги слушнал во последните 45 години“, рече Френк Ворен и ги најави неговите големи мечеви, како и одбраната на титулата во 2026 година.
Вордли сè уште верува дека има поголеми шанси против Усик отколку повеќето предизвикувачи.
„Носам поинакво искуство на рингот, нешто необично. Не знам дали можам да му понудам на Усик нешто што не го доживеал претходно. Боксот има свој ритам, а потоа доаѓа некој како мене и менува сè. Таму ја гледам мојата шанса“, изјави Фабио Вордли.



