Без разлика на воената состојба во неговата татковина, Усик успеа повторно да го победи Џошуа во осмиот месец и да ги одбрани титулите.
Во екот на договорот на веројатно најочекуваниот боксерски меч на денешницата меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури, татковината на Усик се соочува со многу тешка ситуација. Војната во Украина трае речиси една година, а украинските спортисти секојдневно го поддржуваат својот народ.
Еден од нив секако е Усик, а своевремено беше под знак прашалник дали ќе може да ги одбрани појасите на ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО кои претходно му ги одзеде на Џошуа, но и покрај таквите неволји успеа да се подготви за борба и повторно го победи Џошуа. Иако секогаш полека му даваше поддршка на својот народ, вчера најгласно и најхрабро излезе против рускиот претседател Владимир Путин:
„Ја нападнавте Украина под изговор дека ги штитите Русите кои не ни побараа ваша заштита. На ист начин ја нападнавте Чехословачка пред неколку години како и Грузија. Доаѓате насекаде за да заштитите некого, но не можете да ги заштитите Русите во Русија. Вие не ги заштитувате на никаков начин. Вие се борите против фашизмот и нацизмот кои не постојат“, напиша Усик на својот Инстаграм профил.
„Вие сте Третиот Рајх во целосна смисла на зборот. Она што не успеа на Хитлер, сега го продолжувате. Можете ли да го замислите тоа? Мислам дека можеш“, додаде тој.
Светскиот шампион во тешка категорија често го поддржува својот народ во овие тешки моменти, а последната победа против Џошуа и ја посвети на Украина. Сега се преговара за евентуален меч против Тајсон Фјури во кој победникот би ги обединил титулите во тешка категорија, а пред некој ден се појавија првите проблеми околу поделбата на заработката, бидејќи Фјури и неговиот тим не сакаат да се договорат на 50- 50, сакаат повеќе од тоа.