Александар Усик: Најголемиот во историјата е Мухамед Али

Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, непоразениот Украинец Александар Усик изјави кој е најголемиот боксер во историјата.

Потсетуваме, следната борба на Усик ќе ја има против поранешниот светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Британецот Тајсон Фјури. Нивната борба ќе се одржи на 21 декември во Ријад (Саудиска Арабија) и ќе биде главен настан на боксерската вечер.

Украинскиот спортист во професионалниот скор има 22 победи, од кои 14 со нокаут и ниту еден пораз. Покрај тоа, тој е олимписки шампион, европски и светски шампион во бокс во категоријата до 91 килограм. Усик смета дека легендарниот Мухамед Али е најголемиот боксерски великан.

„Најголем во историјата е Мухамед Али“, рече Усик во интервју за ДАЗН.

Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година на 74 години, но неговото наследство како еден од најголемите спортисти живее. Али беше шампион на XVII Летни олимписки игри во 1960 година, апсолутен светски шампион во тешка категорија (1964-1966, 1974-1978).

Признат како „Спортист на векот“ од неколку спортски публикации. Во текот на кариерата имаше 61 борба во кои извојува 56 победи (37 беа со нокаут) и претрпе 5 порази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. The Cat. Oleksandr (@usykaa)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО