Александар Усик: Можеби ќе се вратам во март. Да, сакам да се борам со него, нема проблем!
По шпекулациите дека размислува за пензионирање, Усик потврди дека ја продолжува кариерата и дека на ум има противник.

Александар Усик е се поблиску до финализирање на долгоочекуваното враќање на рингот.
39-годишниот Украинец последен пат се бореше во јули, кога го победи Даниел Дубоа во петтата рунда од нивната борба на Вембли во Лондон.
Усик го нокаутира Дубоа со силно десна кроше и стана првиот боксер во модерната ера што двапати ја освоил апсолутната светска титула во тешка категорија. Првпат го постигна подвигот во мај 2024 година, кога го победи Тајсон Фјури.
По шпекулациите дека украинската боксерска икона би можела да размисли за пензионирање, Усик потврди дека ја продолжува професионалната кариера и планира да се врати на рингот во 2026 година.
Во разговор за Секандс аут Усик откри дека веќе се подготвува за враќање и е отворен за трета борба против Фјури.
„Можеби во март ќе се вратам на рингот. (Противник)? Не знам. Работиме на тоа. Да, сакам да се борам со Тајсон Фјури, нема проблем. Велика Британија, Саудиска Арабија, САД, не е важно“, рече Усик.
Усик моментално има две победи против „Ромскиот крал“. Првата се случи во мај 2024 година, кога Украинецот стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во ерата на четири појаси.
Реваншот се одржа само седум месеци подоцна, а Усик повторно триумфираше, нанесувајќи му гоа вториот професионален пораз на Фјури во Ријад, Саудиска Арабија.
Фјури постојано го изразуваше своето незадоволство од исходот на обете борби против Усик и отворено изјави дека би бил заинтересиран за уште една пресметка со стариот ривал во иднина.



